ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо да се бори против урбаната мафија, изгради зграда дивоградба

Петре Шилегов на местото на својата куќа во Тафталиџе, гради зграда дивоградба. Според ДУП за местото каде што сега се наоѓа зградата дивоградба на Шилегов максималната висина која е дозволена за изградба на е 8,8 метри, односно приземје, кат и поткровје. Шилегов изградил уште два ката над максимално дозволената висина, без да поседува каков било валиден документ кој ќе му дозволи таква градба, сопштува ВМРО-ДПМНЕ.

-Надлежна институција за давање дозволи за градба, доградба и реконструкција е општина Карпош каде градоначалник во заминување е Стефан Богоев. Општина Карпош е и институција која треба да предупреди и спроведе запирање на градбата која е вон дозволените граници, но и да изврши уривање.

Петре Шилегов не само што не е спречен да ја гради својата зграда дивоградба, туку и општина Карпош до денес не почнала постапка за уривање на дивоградбата.

Очигледно е дека Шилегов ја злоупотребува позицијата на моќ и од основа на политичката функција која ја има гради незаконски, за потоа низ некоја скратена постапка да го легализира објектот.

Шилегов наместо да става ред, тој е пример за создавање неред и хаос. Шилегов не ги почитува законите, кои треба да ги применува врз другите од позиција на градоначалник, токму затоа одброени му се деновите на таа позиција. Време е за промени, а потоа и за одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.