Шестмина починати од Covid-19 во тетовската болница

Во изминатите 24 часа до 7 часот во понеелникот утрото во тетовскиот ковид-центар во Клиничката болница починале шест лица кои биле на болничко лекување поради Ковид-19. Бројот на хоспитализирани падна под 100, а има и се помалку прегледи и контроли во амбулантата.

„Од шесте починати пациенти најмладиот е на 53 години, додека најстариот на 82 години. Вкупно се хоспитализирани 91 лице од кои 90 на кислородна поддршка, а еден на неинвензивен респиратор. Од хоспитализираните само еден е со една доза вакцина, додека сите имаат хронични болести. Во текот на 24 часа имаше шест нови приеми на болничко лекување, а двајца се пуштени дома“, изјави д-р Миранда Пајазити.

Во амбулантата на ковид – центарот имало 63 барања за прегледи и контроли на луѓе кои се пожалиле на симптоми.