Фестивалот на забавна музика „Макфест 2021“ годинава повторно ќе се одржи на отворено, поради здравствените протоколи. Дваесет и шест песни ќе бидат изведени на сцената на Аква бела ресорт на 17 и 18 септември. Публиката во шоу програмата ќе ја забавуваат „Тумбао салса бенд“, првата вечер, а втората вечер ќе настапат Дац и Александар.
Инаку штипјани синоќа на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ уживаа во макфестовските хитови. По повод Денот на независноста од страна на Владата беше подржан проектот „ 30 хитови од „Макфест“ за 30 години независност. Публиката потпевнуваше на хитовите и победничките песни на „Макфест“, кои се испеани во изминатите 35 години.
На сцената беа Рената Кралевска и Мартина Митревска. Хитовите се пееја во живо. Настапија Ристо Самарџиев, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Ѓоко Таневски, Наде Тружба на Камерен оркестар на Битола – IWCONNECT.