ВИДЕО| Во Русија уапсени приврзаници на ИД кои подготвувале терористички напад

Руската служба за внатрешна безбедност Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави во понеделникот дека уапсеила четворица следбеници на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (ИД), коишто подготвувале напад врз припадниците на полицијата во Ингушетија, пренесуваат руските медиуми.

„Федералната служба за безбедност, во соработка со Истражниот комитет, Минситерството за внатрешни работи, Руската гарда, ја пресекоа активноста на поддржувачи на меѓународната терористичка организација Исламска држава, вклучени во подготовка иизведување терористички напади во Ингушетија“, се наведува во соопштението за јавноста во кое се додава дека станува збор за четворица државјани на Руската Федерација.

Според објавата, уапсените преку интернет стапиле во контакт со членови на Исламската држава „со цел да ги координираат нивните активности во подготовка и изведвање терористички напади“.

Сознанијата на руските безбедносни служби се дека бил планиран напад врз припадници на републичката полиција со импровизирани експлозивни направи и студено оружје, кое било откриено при претреси на уапсеите, како и пропаганда со терористичка идеологија.

Запленето е и одредено количество огнострелно и студено оружје, импровизирани експлозивни и запаливи уреди, копмпенентни и алатки за нивно производствот. Во нивните компјутери и мобилни телефони, исто така, била откриена и комуникација со припадници на џихадистичката организација.

Во последните две години специјалните безбедносни служби во Руската Федерација спречиле околу 80 терористички напади, се додава во соопштението, пренесува агенцијата РИА. Се забележува и дека најчесто таквите напади биле планирани со исламистичка заднина, а географската насоченост ги опфаќа европските региони на Русија.