Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Жан-Пјер Адамс почина во понеделникот на 73-годишна возраст, откако речиси 40 години беше во кома, објавија неговите некогашни клубови ПСЖ и Нанси.
Адамс се наоѓаше во кома од март 1982 година која пред рутинска операција на коленото му беше инјектирана преголема доза анестетик што предизвика оштетување на мозокот. Неговата сопруга Бернадет одбивапе евтаназија, и сите овие децении се грижеше за него.
Роден Сенегалец, во периодот од 1972 до 1976 година одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Франција, кога заедно со Мариус Трезор го сочинуваат стоперскиот тандем познат по пекарот „црна стража“.