
Очајноста на СДСМ се повеќе се забележува. Од ден на ден СДСМ се повеќе се вплеткува во нови лаги во кои ниту мало дете веќе не им верува. СДСМ и Зоран Заев ништо не изградија за доброто на граѓаните. СДСМ и Зоран Заев единствено го унапредија криминалот и корупцијата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните многу добро знаат дека во време на пандемијата КОВИД владата не успеа да го организира процесот на работа во градинките за да се опфатат што поголем број на деца, а мајките губат работа или самите даваат отказ за да ги чуваат своите деца. СДСМ се фали со градинки кои ВМРО-ДПМНЕ ги направи, а тие не успеаја на време ниту да ги довршат, ниту пак да ги отворат. За помалку од 8 години ВМРО-ДПМНЕ изгради 70 градинки низ цела Македонија, велат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека СДСМ и Зоран Заев се што допреа уништија, нивната неспособност ја уназади Македонија во секое поле.
-Нема полошо од СДСМ за Македонија. Време е за Македонија за сите луѓе, велат од партијата.