Уапсен маж, го нарушил јавниот ред и мир во здравствен дом каде што се лекува неговата сопруга од Ковид-19

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар синоќа половина час по полноќ го лишиле од слобода 57-годишниот И.И. од долнореканско Требиште.

Мажот бил лишен од слобода бидејќи се однесувал агресивно и физички ги нападнал, откако претходно го нарушил јавниот ред и мир во Здравствениот дом „Русе Бошковски“ во село Ростуше, каде болнички од „ковид-19“ се лекувала неговата сопруга.

Се расчистува и документира случајот, по што против И.И. ќе следува соодветен поднесок