Трудо гаѓан во текот на изборната кампања

Канадскиот премиер Џастин Трудо во текот на предизборната кампања демонстранти го погодиле со чакал, пренесува во вторникот BBC.

Трудо се враќал во неговиот автобус откако посетил пиварница, кога го погодил грст каменчиња. Притоа канадскиот премиер не е повреден, се додава во информацијата.

Трудо распиша предвремени избори кон средината на август, во недеж дека неговата либерална партја од левиот центар ќе успее да формира мнозинска влада.

Меѓутоа, кампањата му ја нарушија протестите против неговата идеја за воведување задолжително вакцинирање против Covid-19 и други ограничувања. Плановите на Трудо за задолжително вакцинирање станаа клучното прашање во пресрет на изборите на 20-ти септември.

Пред повеќе од една седмица Трудо мораше да откаже предизборен собир, откако маса гневни демонстранти ги попречуваше настанот.

Во разговорот со новинарите по инцидентот во Лондон во канадската федерална покраина Онтарио, Трудо реќе дека можеби бил погоден во рамото и го споредил овој инцидент со оној кога жена го гаѓаше со семки од тиква во 2016 година.