Болсонаро му се закани на Врховниот суд во говорот на Денот на независноста

Повеќе десетици илјади луѓе протестираа во Бразил во вторникот на Денот на независноста, истакнувајќи ја својата поддршка за претседателот Жаир Болсонаро.

Болсонаро во говорот во главниот град Бразилија му се закани на претседателот на бразилскиот Врховен суд, а на собирот присиствиваа мноштво негови приврзаници кои допатуваа од разни деловио на земјата.

„Или шефот на ова тело ќе го држи под контрола (судијата Александар де Мораеш) или ова тело ќе го трпи она што не го посауваме“, рече Боласонаро упатувајќи му ја поракта на претседателот на Врховниот суд, Луиз Фукс, алудирајќи на споменатиот судија.

Мораеш е одговорен за истрагата за финансирање и организација на делувањата кои наводно цел имале напади врз демократијата и демократските институции, а веќе нареди уапење на некои сојзници на Болсонаро и лица обвинети за милитантност.

Приврзаниците на Болснаро на протестите во вторникот носеа натписи кои според оцените на медиумите „изразувале закани“ за Врховниот суд и Конгресот. Медиумите кои застапуваат спротиставени ставови од оние на Болсонаро, пишуааат дека претседателот „ги поткревал тензиите“ пред Денот на независноста со „авторитативни закани“, а коментарите ги опишуваат како „обид за мобилизација на своите приврзаници“.

Сепак, мноштво подджувачи на Болсонаро во вторникот се собрале во десетици големи градови, а истовремено во земјата се одржани и протести против претседателот, како во Бразилија, Рио де Жанеиро и Сао Паоло.

Медиумите известуваат дека паѓа поддршка за администрацијата на Болсонаро, и се наведуваат податоци од анкетата објавена од почетокот на јули, кога 51 отсто од испитаниците биле против неговите политики, што е најлошиот резултат во анектите откако во 2019 година ја презема претседателската должност.