Над 40 мртви во пожар во затвор во Индонезија

Во пожар кој зафатил пренатрупан затвор во индонезиската покраина Банен загинале најмалку 41 човек а 80 други се повредени, пренесуваат во средата агенциите.

Пожарот кој избувнал меѓу 1 и 2 часот по полноќ во Блокот Ц во затворит во Тангеранг е изгаснат, но сѐ уште е во тек евакуацијата, изјавила портпаролката на минситерството за човекови права и закон, Рика Априанти.

„Причината за пожарот сѐ уште се истражува“, додаде Априати наведувајќи дека во блокот во кој избувнал пожарот казна отслужувале престапници кои се осудени поради дела со дроги, а имал капацитет од 122 лица.

Не потврдила колку лица биле присутни кога избвнал пожарот, но рекла дека затворот е пренатрупан, Затворот во Тангеранг има капацитет за 600 лица, според подаоците на владата, а во спетември имал околу 2.000 осуденици, што е повеќе од трикратно повеќе од неговите капацитети.

„Прелиминарно посоти сомневање дека причина за пожарот е краток спој“, рекол портпаролот на полицијата Јусри Јунус за локалната телевизија.