Бугарија ќе ѝ донира на Македонија над 50.000 дози од вакцината на „Pfizer“ со рок на употреба до крајот на септември

Народното собрание на Бугарија со 146 гласови „за“ го ратификуваше договорот за донирање 51.480 дози на вакцина против коронавирусот на „Pfizer/BioNTech“ на Македонија.

Дозите на вакцини што ќе бидат донирани се со серии броеви FA7083, FC8736 и FA4632 и со рок на траење до 30-ти септември 2021 година. Донацијата е вредна 1.560.635 лева, или околу 750.000 евра.

Министерот Кацаров им објасни на новинарите дека ова е прва донација на вакцини за Македонија. Според Кацаров, требало да се изврши во јуни, но поради процедурите кои се вон наша контрола, тоа не успеало и последователно самата Македонија се откажала.

„Сега сум многу благодарен на Народното собрание што ги прекина игрите“, рече Кацаров.

Другите договори за донации на вакцини против Covid-19 поради барање за предлози за измени и дополнувања на предлог-законите меѓу првото и второто читање, ќе бидат повторно разгледани за да бидат ратификувани. Рокот за поднесување предлози е три дена.