Четвртиот бран на пандемијата – „бранот на невакцинираните“

Осумдесет и шест проценти од сериозно болните пациенти со Ковид-19 во најнаселената германска покраина Северна Рајна-Вестфалија не се вакцинирани. Одбивањето на имунизација на некои Европејци е во основата на четвртиот бран на инфекцијата, се наведува во анализа на Дојче веле.

Поради драстично растечката инциденца на невакцинирани против коронавирус, медицинските лица и политичарите во Германија предупредуваат на претстојниот „бран на невакцинирани“.

– Четвртиот бран е во тек. Тој ќе биде поспецијален бидејќи ќе влијае на невакцинираните луѓе. Луѓето треба да бидат свесни дека оние кои не се вакцинираат, кога било ќе се заразат. Некои од овие луѓе ќе се разболат, понекогаш со опасност по животот, изјави шефот на Универзитетската клиника во Есен, професор Јохан Вернер.

Минатата недела, министерот за здравство на Северна Рајна-Вестфалија, Карл-Јозеф Лауман истакна дека 86 отсто од сериозно болните пациенти со коронавирус, кои се хоспитализирани во покраината, не биле вакцинирани. Локалните здравствени власти испитуваат дали е можно да се води посебна статистика за морбидитетот кај неимунизираните лица.

Според достапните информации, инциденцата кај вакцинираните е значително помала. Портпарол на Министерството за здравство на Северна Рајна-Вестфалија рече дека веќе може да се зборува за „пандемија меѓу невакцинираните“.

Во јули и август бројот на лица заразени со коронавирус на Универзитетската клиника во Есен, која е еден од најголемите германски центри за лекување на Ковид-19, значително се зголеми. Три четвртини од вкупно 142 пациента не биле вакцинирани во овој период, а половина од нив биле на возраст под 50 години. Покрај 75 проценти од 142-те лица за кои станува збор, кои биле хоспитализирани во јули и август и кои не биле вакцинирани, 11 проценти биле вакцинирани со само една доза, а 13 проценти биле целосно вакцинирани.

Директорот на Универзитетската клиника во Есен, исто така, вели дека зголемениот број ковид-пациенти примени во болницата ќе има негативно влијание врз грижата за сите други пациенти.