Гори ковид-центарот во Тетово.
На местотото интервенираат и пожарните екипи. Во моментов не се познати причините за пожарот, ниту дали има евентуални жртви. Но болни и изгорени повредени се изнесуваат зградата во колички. Зградата е целосно изгорена.
Пожарот е активен речиси половина час, но нема знаци за смирување, густ чад и пламен се шири наоколу.
Од МВР велат дека пожарот избил околу 21 часот и дека нивни екипи се на терен, па подетални информации ќе објават подоцна.