![pozar kovid centar tetovo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/pozar-kovid-centar-tetovo.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Најмалку 14 жртви има во пожарто што попладнево изби во ковид ценатрот во Тетово, објави телевизија Алсат М.
Телевизијата тврди дека веста е потврдена од официјални извори.
Засега нема официјални податоци за бројот на жртви во пожарот кој е изгазнат.
Моментално на местото се врши увид, а повредените се транспортираат за Скопје.
На местото на пожарот се градоначалничката на Тетово Теута Арифи, министерот за здравство Венко Филипче како и премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.