МЗ потврдени 10 жртви, стравувањaта се дека бројката може да се зголеми

Од Министерството за здравство соопштија дека во пожарот во Тетово засега е потврдена смрт на 10 лица, но изразија стравување дека бројот би можело да се зголемува.

„Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, министерот за здравство д-р Венко Филипче, изразува најдлабоко сочуство до семејствата. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. МЗ апелира до медиумите и граѓаните  да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме“, наведоа од Министерството.