Изречени 382 санкции за брзо возење

Во текот на четвртокот во зајакната акциска контрола на територијата на РМакедонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 382 возачи, информираше Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 20 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 193 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 189 надвор од населено место.

.