САД ја обвинија Русија дека со тестирање на ракета го прекршила договорот за контрола над вооружувањето посигнат во 1987 година, изјави анонимен американски официјален претставник.
Тестирањето е извршено пред неколку месеци. Во јануари годинава Вашингтон изрази загриженост поради тестирањето на ракетата од страна на Русија и со тоа прекршување на договорот за уништување на ракетите со среден дострел од 8 декември 1987 година.
Според анонимниот висок американски службеник, Вашингтон неколку пати го отворил ова прашање пред Русија, а претседателот Барак Обама испратил и писмо до рускиот колега на таа тема.