ВИДЕО| Награди за научните докази дека брадата штити од удар и за лекувањето на настинката со оргазам

Тројца американски истражувачи ја добија сатиричната ткн Шнобеловска награда за мир за докажување на теоријата дека носењето брада кај мажот е поврзано со потребата да се заштити лицето во тепачка со тупаници, а беше доделена во четвртокот вечерта на 31-то издание на церемонијата коешто поради пандмијата се одржа онлајн, а со поддршка на Хардвардскиот универзитет во Масачусетс и беше пренесувана на сајтот improbable.com.

Наградата на групата научници за „проверка на хипотезата дека луѓето почнале да пуштаат брада за да се заштитат од удари в лицето“, ја врачи лауреатот на оригиналната Нобелова награда за економија во 2007 година, Ерик Мускин.

Лауреатите на „Шнобелот“ добија хартиена фигура во форма на запчаник со заби наместо запците и копија од банкнота од 10 трилиони зимбабвеански долари. Оригиналите на овие банкноти веќе не се во оптек и имаат само колекционерска врдност, а дури и во тој период можеа да се заменат за само неколку американски долари.

Сите тројца лауерати: Итан Бесерис, Стивен Нејвеј и Дејвид Кариер, се билози и поради тоа не очекувале награда во споменатата категорија. „Мислев дека ќе ја добиеме наградата за биологија или за антропологија“, рече Бесерис, но водителот го увери дека наградата за мир е „најпрестижната од сите номинации“.

Идејата за ваквото истражување кај научниците се јавила откако еден научен спор за малку не завршил со тепачка. Во текот на експериментирањето со човечки череп покриен со овча волна, научниците откриле дека влакната на лицето апсорбираат околу 37 отсто од енергијата на ударот.

А, пак, наградата за биологија припадна на докторката на науки од Шведска, Сузана Шетц за анализа на спектарот на звуците кои ги емитуваат домашните мачки. Наградата ѝ ја врачи добитникот на Нобеловата награда за физика од 2001-та, Ерик Корнел. Наместо говор за благодарност, од научничката беше побарано да ги имитира звуците на мачки кои ќе ѝ дојдат на памет во тој момент.

Награда во сродна област на медицината им припадна на група истражувачи од Германија, Турција и Велика Британија, кои развиле една од хипотезите на славниот австриски психоаналитичар Зигмунд Фројд (1856-1939) и ја докажале ефективноста на оргазмот како лек за обичната настинка.

Наградата за екологија отиде во рацете на група научници од Шпанија и Иран, кои спровеле бактериолошки анализи на гуми за џвакање собрани од тротоарите во пет различни држави. Во текот на доделувањето на оваа награда, нобеловецот за хемија за 2018-та, Френсис Арнолд, како и сите наградени, џвакаа мастики.

Наградата за хемија им припадна на истражувачи од шест држави, кои се обиделе да ја пронајдат врската меѓу ораничувањето на возраста за следењето на филмовите и хемискиот состав на воздухот во кино-салите. Наградата им беше врачена од добитникот на Нобеловата награда за хемија за 2001-ва, Бери Шарплес, кој ги покани сите лауреати во оваа номинација кај себе во калифорниски Сан Диего.

Наградата за економија беше доделена на научници од шест земји кои ја анализирале повзаноста на индексот на телесната маса на политичарите и степенот на корупцијата.

Во номинацијата за физика, лауреати се научници од Италија, Тајван и САД за обидот да сфатат зошто масата пешаци постојано не се судираат меѓу себе. Неа ја дополнија со наградата во областа на кинетиката на истражувачи од Јапонија, Швајцарија и Италија кои проучувале зошто пешаците повремено се судираат кога се движат еден наспроти друг.

Завршните награди на церемонијата беа поделени во областите ентомологијата и транспортот. Првата му е доделена на поранешен американски морнар кој раскажа за начинот на дезинсекција на подморниците.

Другата, пак, припадна на група истражувачи предводени од ветеринарката Робин Редклиф од Универзитетот Корнел кои во Намибија го проучувале ефекетот на транспортирањето на носорозите кога со нозете висат под хеликоптер врз нивното здравје.

 

За наградата

Хумористичното научно списание Annals of Improbable Research објави дека наградите кои се доделуваат првенствено треба да насмеат, а дури потоа да наведат на размислување. Вопоставена е во 1991 година од споменатото списание како пародија на Нобеловите награди.

Од 1999 година, Шнобеловската награда се доделува во десет области, дел од номинациите се совпаѓаат со нобеловите награди, а другите се утврдуваат секоја година посебно. На добитниците наградите вообичаени им ги врачуваат нобеловци од различни области во претодните години.