Хибридните и електричните возила во Австрија според застапеноста на патиштата ги стасуваат возилата на бензини и дизел, со речиси удвоен удел во новите регистрации во изминатите дванаесет месеци, покажуваат податоците на австрискиот завод за статистика.
Вкупниот удел на електричните и хибридни автомобили во август изнесувал 42,2 отсто, додека уделот на бензинските возила изнесувал 35,1 а на дизелски 22,7 отсто, вели генералниот директот на заводот за статистика Тобијас Томас.
Податоците покажуваат дека уделот на возилата со алтернативен извор на енергија во новите регистрации за само една година е зголеме за повеќе од двојно.
Бројките упатуваат и на заклучокот дека Австријците се сѐ помалку наклонети на автомобилите воопшто, имајќи предвид дека во август се регистрирани 15 отсто помалку автомобили отколку во истиот минатогодишен период.