
Во недела, 12-ти септември, во периодот од 8 до 18 часот, жителите на Ресен и Преспа, ќе останат без снабдување со електрична енергија.
Од Електродистрибуција информираат дека десетчасовниот прекинот ќе биде поради изведување работи на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа.