Променливо и потопло време, температурата до 31 степен

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, со услови за појава на краткотраен дожд во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните температури ќе се движат од 21 до 31 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и потопло со дневна температура до 29 степени.