
Радикалното исламистичко движење Талибан кое ја презема власта во Авганистан, му осигурува засолниште на водачот на терористичкате мрежа Ал Каеда, Ајман ал-Завахири, смета поранешен директор на американската Централна разузнавачка агенцијa (CIA), додека аналитичарите известуваат дека на интернет се појавило видео-порака со негова порака во врска со 20-годишнината од терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001-ва.
Како што информираше американскиот ресурс SITE Intelligence Group, специјализиран за следење на активностите на екстремистичките групации на интернет, челникот на Ал Каеда, Египѓанецот Ајман ал-Завахири се појавил во видео по повод 20-годишнината од најголемиот терористички напад изведен на американска теротирика, што беше директен повод за инвазијата на САД врз Авганистан подоцна таа 2001 година.
Според објавата на SITE, на 11-ти септември се појавила видео-порака од ал-Завахири во која тој го „воспева“ саудискиот војник Мухамед Саид ал-Шармани, кој застрела три лица во американската воена база на Флорида во декември 2019 година, и порачува дека „Ерусалим никога нема да биде јудеизиран“.
Нема податоци за автентичноста на снимката и периодот кога е направена.
Истовременот поранешниот привремен директор на CIA во периодот од 2012/2013 година, Мајкл Морел во разговорот за американската телевизиска мрежа CBS News коментирајќи ги наодите од извештајот на разузнавалки експерти за Обединеите нации објавен ова лето дека ал-Авахири „живее во Авганистан“, рече дека се согласува со тоа.
„И ние мислиме така. Што значи дека талибаните денес му пружаат засолниште на ал-Завахири, дека талибаните денес обезбедуват засолниште за Ал Каеда“, рече Морел.
„Мислам дека победата на талибаните во авганистанската војна, а потоа и начинот на кој се одвиваше нашето повлекување, апсолутно ги инспирираше џихадистите ширум светот“, додаде Морел подоцна во интервјуто.
Инаку, во споменатиот извепштај на Групата за аналитичка поддршка и следење на санкциите, експерите на ОН забележаа дека „според процените на земјите членки … ал-Завахири е жив, но е болен и се наоѓа во Авганистан“, иако американското разузнавње инаку оценува дека Ајман ал-Завахири е убиен во една од оперциите.