
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб слаб до умерен, а во северниот дел од Повардарието и засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја можна е ретка појава на краткотраен дожд.
Дневните температури ќе се движат од 26 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со максимална температура до 31 степен.
Во наредните денови следува период на значително потопло време за овој период од годината.