Вилијамсон: „Без докази за трговија со органи“

Специјалниот обвинител на Еулекс Клинт Вилијамсон денеска рекол дека неговиот тим сеуште не дошол до докази за отпочнување на тужба за трговија со органи на Косово.

Тој рекол дека истрагата за трговија со органи и понатами е фокус на активностите на неговиот тим и дека не е исклучено дека подоцна ќе бидат покренати обвиненија, но дека тоа засега не е можно.

Не се најдени доволно докази, но тоа не значи дека и нема да има, рекол тој. Вилијамсон изјавил дека се утврдени „десетина случаи на трговија со органи.

Вилијамсон рекол дека сепак ќе бидат покренати тужби против некои лидери на ОВК заради прогон на Срби, но дури кога ќе биде формиран Специјалниот суд за воени злостори.

„Специјалниот тим дошол до неспорни докази против поединечни лидери на ОВК“ рекол Вилијамсон. Поединците кои ги истражувавме биле на самиот врв на ОВК, рекол тој на прашање дали некои од осомничените кои се сега политичари и додал дека нема да изнесува повеќе детали.

Вилијамсон се пожалил на застрашување на сведоци, а ја пофалил соработката со Србија, Албанија, Црна Гора и некои претставници на власта во Пришитина, како и поединци од ОВК.

Како што изјавил претходно и неколку пати повторил дека сите негови откритија се во склад со извештајот на Дик Марти, тој додава дека не ја отфрлиле точноста на оптужбите, но дека немаат докази да отпочнат обвинение за трговија со органи.