
Ноќта кон понеделникот, околу 1 часот по полноќ, во СВР Скопје бил пријавени физички напад врз три лица од страна на поголема група, која притоа го оштетила нивното визло.
Нападот го пријавил 29-годишниот Б.М. според кој инцидентот се случилна улицата „18“ во Радишани, кога тој, Ф.М. на 27 и и Ј.К.на 31 година, сите од Скопје, биле физички нападнати од повеќе лица, кои го оштетиле и возилото „опел астра“ во кое се превезувале.
Како што е пријавено лицата користеле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.