Путин на средбата со Асад ја критикуваше странската инвазија во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин го критикуваше незаконското присуство на странски воени сили во Сирија и ги поздрави „значителните штети“ нанесени на бунтовниците и џихадистите, примајќи го во Русија сирискиот претседател Башар ал-Асад, објави Кремљ во вторникот.

Во едена од ретките средби зад затворени врати меѓу рускиот и сирискиот челник кој бил остварен во понеделникот, Путин оценик дека „терористите претрпеле значителни штети“ во Сирија, каде што владините сили според последните обајви контролираат 90 отсто од државната територија.

Путин, како што се наведува во соопштението на Кремљ, сепак оценил дека главниот проблем во Сирија е нелегалното присуство на странските трупи, како турските и американските, на нејзината територија.

„Странските вооружени сили, без одлука на ОН, без ваша согласност, се присутни во некои подрачја во земјата, што очигледно е спротивно на меѓународното право и не овозможува да е вложат максимум напори за земјата да се консолидира и да напредуа на патот на обновувањето“, оценил Путин.

Рускиот претседател, исто така, рекол дека Асад прави многу за да „воспостави дијалог со политичките противници“.

Башар ал-Асад ги поздравил „значителните резултати кои ги постигнале Русија и Сирија во ослободувањето на територијата којашто ја окупираа милитантите и во уништувањето на тероризмот“, се додава во соопштението.

Истакнал дека, сепак, е запрен политичкиот процес кој започна за да се стави крај на децениската војна во Сирија. Тоа Асад го припишува на „деструктивното влијание на некои земји“ кои ги наметнаа своите „нелегални санкции против сирискиот народ“.

Русија воено интервенираше во Сирија во 2015 година на повик на владата во Дамаск, и нејзиното вмешување го направи главниот пресврт во сириската граѓанска војна започната 2011-та која прерасна во регионален и поширок воен конфликт, во полза на владата на Асад.