(ФОТО) Законот за Рашковски не важи: Наместо во домашен притвор се шета низ Аеродром

Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, наместо во притвор – се шета слободно по улиците во општина Аеродром и тоа пред просториите на СВР Аеродром, објавува Инфомакс.мк.

На фотографијата која се појави на социјалните мрежи е направена денеска во 17:43 часот, јасно се гледа дека станува збор за еден од најблиските соработници на Зоран Заев и клучен играч во Владата.

Тој има две истраги од страна на Обвинителството за организиран криминал, а беше првпат приведен на 16 април.

Првата истрага против Рашковски е за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, кој што го набавил како генерален секретар, иако МВР немало потреба од него. Втората истрага, која што беше отворена додека тој беше во притвор, е исто така за набавка за софтвер, но набавен во 2017 година.

Во непосредна близина на ОУ Љубен Лапе, Аеродром виден редок примерок на криминалец – капиталец кој излегол од куќен притвор.

https://www.facebook.com/bojkotiram/posts/3039082859655168