Куба побара одобрување од Светската здравствена организација за три вакцини против Ковид-19, соопштијс од државната корпорација што ги произведува и која штотуку започнала со имунизација со овие вакцини врз децата.
Директорот за истражување и развој на БиоКубаФарма, Роналдо Перез Родригез изјави дека со овие вакцини Кубанските власти сакаат во наредниве два месеци да вакцинираат повеќе од 90 проценти од населението
„Некои контакти за одборување на кубанската вакцина веќе се остварени . Постапката и консултациите започнуваат сега, со цел да се оцени доставената документација “, рече Перез.
Куба со голема брзина ги вакцинира своите граѓани со кубанските вакцини Абдала, Соберана-2 и Соберана плус, кои се одобрени за употреба од локалните регулатори.
Повеќе од 65 проценти од Кубанците примиле барем една доза, а 37 проценти биле целосно вакцинирани со три дози,
Куба е единствената карипска земја која развила сопствени вакцини против коронавирус.
Според кубанското министерство за здравство вакцините се 90 проценти ефикасни, а првите резултати се слични со резултатите од другите меќународно признаени вакцини. Според кубанските власти, вакцините значително го намалуваат ширењето на инфекцијата, тешките болести и смртта, иако овие резултати се уште не се целосно веродостојни
Се вакцинираат и двегодишни деца, а вакцинацијата на помалите деца ќе започне во четврток, соопшти Министерството за јавно здравје,на Куба која е прва држава во светот каде се вакцинираат деца помали од шест години.
Вакцините се базирани на традиционална технологија која се користи за деца со децении, посочува производителот на овие вакцини.
Во претходната недела, Куба имаше околу 7.500 заразени луѓе дневно и речиси 80 смртни случаи, значително помалку од пред еден месец. Сепак, таа се уште е една од највисоките стапки во светот во однос на бројот на заразени на 100.000 жители. Околу 20 проценти од случаите се пријавени кај лица под 20 години.