Приведен скопјанец за издржување затворска казна

Во петокото утрото во 5,20 часот на улицата „Иван Хаџиниколов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода 25-годишниот Ј.Б. од Скопје за издржување казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.