Руска филмска екипа подготвена за снимање на првиот филм во Вселената

Руски екипаж кој го сочинуваат двајца космонаути и двајца филмски професионалци на почетокот од октомври би требало да полетаат кон Меѓунаридната вселенска станица (ISS) поради снимање на првиот филм во Вселената.

Четворката во космосот би требало да биде лансирана на 5-ти октомври со ракетата носител „Сојуз МС-19) којашто ќе пристане на Меѓународната вселанска сатаница. Се оценува дека станува збор за продолжување на децениската трка меѓу Русија и САД во освојувањето на Вселената.

„Во овој филм дејствитето се одвива околу една обична личност…, лекарка која немала никаква врска со истражувањето на космосот ниту за тоа некогаш размислувала, но понудено ѝ е да замине на ISS. Имајќи предвид дека е хирург ќе мора да оперира космонаут, премногу болен за да се врати на Земјата и ќе му го спаси животот“, откри за руските новинари режисерот и актерот, 37-годишниот Клим Шипемко пред заминување на екимашпт на космодромот Бајконур во Казахстан.

Во филмот ќе се појават и продфесионалните астронаути кои ќе бидат составен дел на екипажот.

„Јас нема да глумам во филмот, но ќе морам да се потрудам да сфатам на кој начин се снима филм на едно толку необично место – во Вселената“, вели командантот Антон Шкаплеов.

Работниот наслов на филмот е „Предизвик“. Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека сака Вселената да ја приближи на што поширок слој луѓе.

Главната актерка во филмот, 36-годишната Јулија Пересилд за новинарите откруи дека морала да научи бидејќи ќе биде и шминкерка и костимографка.

„Тоа нема да биде исто како што беше на Земјата, но ќе дадеме сѐ од себеси. Подготвени сме. За страв малку е предоцна, бидејќи веќе далеку напредувавме.., пред нас е Бајконур и уште многу нешта треба да се сторат и, искрено, едноставно немам време да стравувам“, изјави Пересилд на прес-конференцијата.

Режисерот Шипенко, кој е висок 190 сантиметри додава дека височината не му одела во прилог во рамките на онуката во внатрешноста на леталото и дека претстојното патување нема да му биде претерано пријатно. Но вели и дека во иднина повеќе ќе размислува за просторот.

„Добро е, сега ќе летам во Вселената во условите какви што се, но кога ќе се решиме за снимање продолжеток на филмот – за патување на Марс, ми ветија повеќе простор“, додаде Шипенко.

Пред снимањето на филмот, како што се наведува, орбитата на ISS ќе биде коригирана за 1,2 километри пониско.