Со фотографии од Иран и Полска од интернет се промовира пописот во Македонија

„Метин има 73 години, живее во место без итна медицинска помош“. Ова е една од фото рекламите со која НВО Инфорцентар и Фондацијата отворено општество, ги повикуваат граѓаните да се попишат, објави ТВ Алфа.

Во рекламата станува збор за фотографија од маж, чиј автор е Бахрам Бајат и која може бесплатно да се најде на сајтот unsplesh.com

Ова не е прв пат во Македонија промотивни кампањи да има со странски фотографии. Лани промовирајќи ги убавините на Македонија, Министерството за економија објави фотографија од местото Конигсе во Германија. Во кампањата „Дома си е дома“ беше искористена и фотографија од езерото Анисе во Франција. Поранешниот градоначалник на Штип, а сегашен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, пак искористи фотографија од САД за промовира базен кој ќе се градел во неговиот град.