Земјотрес го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтерова скала го погоди синоќа јужниот дел на Калифорнија, соопшти американскиот Геолошки институт.

Потресот бил почувствуван во реонот на Лос Анџелес и околните градови, вклучувајќи ги Карсон, Ломита и Торанс.

Според извештајот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 14 километри под површината на земјата.

Противпожарни возила и хеликоптери патролирале во погодените области во потрага по оштетени објекти или итни повици.