Просечната нето плата во мај е 21.483 денари

Просечната месечна исплатена нето-платата по вработен, во мај 2014 година изнесува 21.483 денари и е за 0,9 отсто повисока во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: „стручни, научни и технички дејности“  за 10,9 отсто, потоа во „градежништвото“ (8,2 отсто) и  во секторот „административни и помошни услужни дејности“ за 6,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано и во секторите: „рударство и вадење на камен за 25,3 отсто, „информации и комуникации“ за 5,1 отсто како и „стручни, научни и технички дејности“ за 4,5 отсто.

Просечната бруто -платата во мај изнесува  31.429 денари и е повисок за 0,6 отсто, во споредба со истиот месец лани.