Американската Агенција за храна и лекови препорача трета доза вакцина за лица над 65 години

ФДА, американската агенција за храна и лекови, препорача употреба на третата доза на ковид вакцина на „Фајзер“ за лицата над 65 години и за групите од висок ризик.

Советничкиот панел на агенцијата гласаше против одобрување на трета доза за сите лица над 16 години.

Претседателот Џо Бајден најави дека ќе биде достапна за сите веќе следната недела. Меѓутоа широката употреба не ја оправдуваат независните експерти од советничкиот панел.

„Ако ги изземеме моралните и етичките прашања, постои и прашањето каде ќе се појави нова варијанта на коронавирусот. Тоа поверојатно ќе се случи на местата каде што има ниска стапка на вакцинирање“, изјави Моника Ганди, експертка за заразени болести и професорка на Универзитетот во Сан Франциско.

Приврзаниците на идејата за трета доза велат дека податоците покажуваат дека делотворноста се намалува од 96 на 84% на вакцината „Фајзер“ после четири месеци. Од компанијата тврдат дека трета доза ја враќа ефикасноста на 95%, а исто така помага и против делта сојот.