
Седуммина политичари денеска сечеа една црвена лента со која беше пуштена во употреба новата трибина во Чаир.
Меѓунив, секако, беше и првиот вицепремиер Артан Груби, и самиот дел од Шверцерите, кој на „Фејсбук“ порача:
-Исполнивме уште едно големо ветување за ФК Шкупи, Шверцерите и сите љубители на спортот во општина Чаир и во Скопје.
Денеска, заедно со првиот човек на фудбалската федерација, Мухамет Сејдини, градоначалникот на Чаир Висар Ганиу и на Скопје Петре Шилегов, министерот Османи, директорот на клубот Буњаку, пратеници, директори и други, ја пуштивме во употреба новата трибина на стадионот во Чаир.
Посакувам на новиот стадион да му се радуваме сите заедно со шампионската титула оваа сезона.