Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев моментално се наоѓаат на телевизиски дуел во емисијата Само вистина на Канал 5.
Премиерот Заев обидувајќи се да одбрани од обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски поради немање одговорност и оставка за трагедијата во Тетово, му рече на Мицкоски дека е нервозен, на што следуваше одговор од Мицкоски дека е вознемирен бидејќи 14 човечки животи го изгубија животот а тој се уште не ги прифаќа оставките
Вознемирен сум, 14 луѓе починаа, изгореа живи, како нема да бидам вознемирен? Вие нели сте вознемирен, го праша Мицкоски.
14 луѓе живи гореа, а вие не чувствувате одговорност, 14 луѓе живи гореа и вие не ги прифаќате оставките на тие кои што се најодговорни. Епа јас не знам што повеќе, потенцираше Мицкоски.
Заев коментираше детали од истрагата со што призна дека е длабоко инволвиран
Премиерот Зоран Заев коментираше детали од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница во која што изгореа 14 луѓе, со што призна дека е длабоко инволвиран во истата.
Тој во дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, меѓу другото, рече дека сака да ги знае сите детали од истрагата во врска со тетовската болница.
„Сакам да ги знам деталите од истрагата кои што, согласно вештачењето, согласно нашите вештаци потпомогнати, еве од Германците кои што понудија, а ние прифатиме да испорачаат експерти за помош, ќе ги кажат точните причини од што настанал пожарот, како тоа се случи, дали има слабости внатре, кој е одговорен за тие слабости, за да ги донесам одлуките“, рече Заев.