
Пожарот кој во вторникот вечерта избувна во централното градско подрачје на Скопје пеплоса стара напуштена куќа.
Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски за КУРИР, информира дека пожарот е веќе изгаснат и нема опасност за ширење.
Во пожарот во Адвокатската лица, во старото Пајко маало, зад Универзитетската библиотека а спрот комплексот на стариот МНТ, интервенирале 18 пожарникари со пет возила, а бил пријавен во 21,18 часот.