Гостинска победа на Интер, домашна на Аталанта и реми на Џенова кај Болоња

Artemio Franchi stadium in Florence, Italy, 21 September 2021. ANSA/CLAUDIO GIOVANNINI

Во последниот натпревар од петтото коло од италијанското фудбалско првенство во вторникот вечерта, актуелниот шампион милански Интер со пресверт со 3:1 ја совлада Фиорентина.

Интер ја избори победата која барем привремено го презема водството на табелата, правејќи го пресвртото во второт полувреме, откако Фиорентина на полувремето водеше со 1:0.

Фиорентина поведе со одличниот гол на Рикардо Скотил во 23 минута и успешно го чуваше водството до крајот на првата делница. Но по бледото прво полувреме, „Нераѕурите“ на почетокот од вториот дел за три минути преку Матео Дармиан во 52 и Един Џеко во 55 минута, го презема водствот.

Настојувањата на „Виолите“ да дојдат до израмнување ги оневозможи непромислениот потег на аргентинскиот играч Николас Гозналес кој во 78 минута прво поради старт доби жолт картон а веднаш потоа поради реакција беше исклучен од игра. Разиграниот Интер тоа го искористи да ја потврди победата со голот на Иван Перишиќ во 87 минута,

Интер во моментов е прв на табелата со 13 бодови бод повеќе од Наполи и три повеќе од градскиот ривал Милан кои имаат меч помалку. Фиорентина, пак, со 9 бодови остана моментално на шестото место.

Џенова, за која од 68 минута играше македонскиот интернационалец Горан Пандев, успеа да остане непоразена на гостувањето кај Болоња ремизирајќи со 2:2 во возбудливото второ полувреме.

Откако во првите 45 минути немаше погодоци, Болоња поведе во 49 минута преку Арон Хикеј но во 55 минута израмни Матија Дестро. Последните пет минути донесоа големи возбудувања, прво во 85 минута беше досуден пенал за домашните кој го реализираше Марко Арнаутовиќ а по четири минути на спротивната страна исто така од белата точка прецизен бепе Доменико Крисчито.

Болоња моментално е седма на табелата со 8 бодови, додека Џенова со само една победа и 4 бодови е 13-та.

Победа оствари Аталанта која против Сасуоло славеше со 2:1, а мечот беше решен во првото полувреме. Домашните поведоа во 4 минута преку Робин Госенс а во 37 минута Давиде Запакоста го удвои водството, но во последните моменти од првото полувреме Доменико Берарди намали на 1:2.

Аталанта е четврта со 10 бодови, а може да биде надмината од петтата Рома која има бод помалку, а Лацио и Удинезе со три бода помалку но и со меч помалку. Сасуоло со 4 бодови моментални е 12-то.

Колото продолжува во средата со дуелите Салернитана – Верона, Специја – Јувентус, Калјари – Емполи и Милан – Венеција, а ќе биде затворено во четврток со дуелите Сампдорија – Наполи, Торино – Лацио и Рома – Удинезе.