Децата од 12 до 15 години најмногу шират ковид, тврди британски професор

Британскиот професор Крис Вити, кој е дел од здравствената власт во Велика Британија, тврди дека последните наводи покажуваат дека децата од 12 до 15 години се најкритична група во моментов, која ги заразува блиските.

-Дефинитивно постои значителен пренос на вирусот во оваа возрасна група. Всушност, возрасната група за која зборуваме е онаа што во моментов има највисока стапка на пренос, колку што можеме да кажеме, рече професорот Вити пред пратениците на состанокот за процената дали на децата на возраст од 12 до 15 години треба да им се понудат вакцини против коронавирусот.

Тој порачува на родителите да бидат поодговорни, бидејќи овие деца се дружат и групираат и дури и ако се заразат и немаат симптоми, лесно можат да ја однесат заразата дома и да ги загрозат членовите на семејството.