Кина сѐ повеќе се потпира на сопствените сили, сметаат во ЕУ

Европските комоании сѐ повеќе се загрижени од новата економска насока којашто ја одреди кинеската влада, зацртувајќи засилено потпрање на сопствените сили, предупредија во четвртокот од стопанските комори на Европската унија во Кина.

„На прв поглед, се чини дека се е во ред“, изјви претседателот на коморите Јерг Витке по објавувањето на годишниот извештај.

Многу европски мултинационални компани минатата 2020 годна повторно оствриле рекордни промети и добивки, што веројатно нема да се променат ниту во блиска иднина, оценуваат стопанствениците од ЕУ.

И краткорочните можности за европските компани кои работат во Кина и натаму, гледано во целост, се пшозитивни, соопшти комората, која застапува интереси на 1.700 членки.

„Загрижуваат знацидте дека Кина сѐ повеќе се свртува кон себеси. Таквиот тренд предизвикува големи сомневања во поглед на растот на кинеската економија во иднина“, рече Витке.

Комората со тоа алудира на петгодишниот план донесен во март годинава кој јасно ја одреди насоката на „намалување на зависноста од остатокот на светот и постигнување висок степен самостојност на крајот“.

Кина во тој процес веројатно уште повеќе ќе ја намали улогата на странските компании во стопанството, особено во високотехнолошките сектори, предвидуваат во комората на ЕУ.

„Членките на коморите на ЕУ најмногуи ги загрижува тоа во која мерка ќе можат да придонесат во растот на кинеската економија во иднина“, рече Витке.

Европските комисии, исто така, ги загрижуваат неодманешните потези на кинеските регулатори против приватните компани од многу сектрои, од образовниот и технолошкиот до финансиските услуги и игрите на среќа.

„Пекинг, исто така, изнаоѓа начини да ги исклучи странските компании од пазарите, а особено од стратешките сектори… Сегашниот правец не е лош само за странските компании кои сакаат да заработат во Кина, туку и за самото кинеско стопанство“, тврдат од коморите на ЕУ.

Растот на кинеската економија во последите пет години благо заостнуа зад претходните поекции, а тој тренд би можел да продолжи доколку Пекинг се реши за поизолирана позиција, се наведува во извештајот на стопанскта комора на ЕУ.