Започнува грejната сезона, колку сме подготвени? На оваа тема во „Студио 10“ на ТВ 24 разговараше директорот на Реулаторната комисија Марко Бислимовски.
„Во средата одржавме состанок со компаните кои вршат снабдување со топлониска енергија, од најголемиот снабудвач БЕГ – информирани сме дека се подготвени за грејната сезона и на наше инсистирање во текот на месец септември се прават таканаречени ладни проби за да се видат инсталациите кај самите потрошувачите и доколу имаат пролем да реагираат навреме.
Околу 380 објеки се критични од аспект на непокриени сметки за потстаниците кои ги имаат и аплериаме до компаниите кои се задолжени за куќниот совет своите трошоци да си ги покријат со цел да немаат проблеми кога ќе почне сезоната.
Во овој момент топланите во Скопје додека беа кај топлификација имаа склучено договор со БЕГ прозиводство. Сега очигледно е дека нов сопственик ќе биде АДОРА. Ние на АДОРА согласно законот за енергетика ќе и определуваме цена за топлинска енергија како регулиран производител. Од апсект на цена ќе нема никаква промена кај граѓаните, бидејќи како што досега сме определувале цена во претходниот период така на истите тие топлани ќе им определуваме цена и во наредниот период.
Верувам дека и АДОРА ќе ја извести јавноста откако ќе стане официјално сопственик и кога ќе се одржи стечајното собрание дали ќе ја врши оваа дејност или ќе ги даде под наем овие топлани како што беа давани во претходниот период на БЕГ производство.
Граѓаните да бидат спокојни во текот на грејната сезоната. Нема да дозволиме никакви трансакции, ќе си останат тие компании кои си ја вршат дејноста. Се разбира за тоа и новиот сопственик ќе треба да склучи соодветен договор доколку има потреба со Бег производство.
По законот за енергетика топланите се регулиран прозиводител на кои цена им определува Регулаторната комсија нза енергетика.“ – истакна директорот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.