ВМРО-ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ: ЈП Лајка не демантира судир на интереси, ДКСК да поведе постапка и да утврди колку пари се испумпани поради тоа

Јавното претпријатие „Лајк“  не демантира судир на интереси, Државната комисија за спречвање корупциа (ДСКС) да поведе постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Управниот одбор на Јавното претпријатие ‘Лајка’ е полна со луѓе кои се негови членови, но и вработени или ангажирани во други институции кои даваат услуги на ЈП Лајка.

Савовски и Илиевски можат да влијаат на процесите и договорите за набавка и затоа или не треба да бидат дел од УО на ЈП Лајка или да не даваат услуги на претпријатието.

ДКСК да отвори случај и да провери колку пари се испумпани од ЈП Лајка преку судир на интереси.

Начинот на кој што работи ЈП Лајка е начин на кој што работи СДСМ, со судир на интереси и злоупотреба на парите на граѓаните“, стои во партиската реакција.