Британија ги иззема нафтените компании од законот за пазарна конкуренција поради снабдувањето со горива

Steve Parsons/PA via AP)

Британската влада објави дека ќе го суспендира применувањето на законот за пазарна конкуренција во нафтениот сектор за на компаниите да им го олесни координирањето во доставувањето на горивата на бензиските станици, а се разгледува и ангажирање на војската.

Претставниците на британските власти дека суспендирањето на споменатиот закон би можело да ја олесни размената на информации и одредување на приоритетите во снабдувањето на некои делови од земјата кои се најтешко погодени со проблемите од изостанатите испораки, извести јавниот сервис BBC.

Изминатите денови пред бензиските црпки во Велика Британија започнаа да се создаваат редиции, бидејќи населението стравува од нарушување во снабдувањето со горива побрзаа да ги наполнат резервоарите, поради што владата реагираше со ограничување на количеството кое може да се добие.

Министрите, исто така, ја разгледуваат можноста за ангажирање на војската во доставувањето на горивата, што би можело да се најде на дневниот ред на владината седница подоцна во понеделникот.

Здружението на трговци со нафтени деривати предупредио дека две третини од нивните членови на речиси 5.500 независни продажни места нема гориво, а другите „делумно пресушија и наскоро ќе бидат празни“. Во Велика Британија има вкупно повеќе од 8.000 бензиските станици.

Најавувајќи го изземањето на нафтената индутрија од Законот за пазарната конкуренција од 1998 година, министерот за деловниот сектор Кваси Квартенг рече дека владата „веќе долго“ има кризни планови со коишто бо бренало да се осигури снабдувањето со горива.

„Горива во рафинериите и на терминалите секогаш имаше и повеќе од доволно а така е и сега, но знаеме дека се појавија проблеми во синџирите за снабдување. Затоа ќе го примениме Протоколот за преработка и продажба за индустријата да може да ги разменува клучните информации и поефикасно да сроаботува и да го сведе нарушувањето на најмала можна мера“, реле министерто Квартенг.

Владата во Лондон уште во март 2020 година го ублажи законот за пазарна конкуренција за да им помогне на супермаркетите да соработуваат во одржувањето на снабдувањето со храна, потсетува BBC.