
Рускиот претседател Владимир Путин му соопштил во понеделникот на својот белоруски колега по должност Александр Лукашенко, дека проширувањето на НАТО кон Украина за Москва ќе значи дека е мината „црвената линија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Белорускиот претседател претходно посочи дека цел корпус странски војници се распоредени во Полска, на границата со Белорусија.
„Темата за потенцијалното проширува на воената инфраструктура на НАТО на територијата на Украина повеќепати беше споменувана од претседателот Путин“, изјавил портпаролот на Кремљ, коментирајќи ја претходната изјава на Лукашенко.
„Претседателот Путин и претходно кажа дека тоа е крајната црвена линија“, рекол Песков, кого го цитира агенцијата ТАСС.
Одговарајќи на прашањето какви би можеле да бидат мерките со кои би одговориле Русија и Белорусија на проширувањето на НАТО кон нивните градници, Песков истакнал дека тоа ќе бидат „активности за осигурување на безбедноста на двете земји“.