
Партиите денеска продолжуваат со предизборните активности во рамки на изборната кампања за Локалните избори.
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се сретне со жителите на Вевчани, Дебарца, Струга и Ресен. Активностите на партијата започнуваат од 16:30 часот.
Од СДСМ најавија дека денеска нивниот караван „Најдоброто“ е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје во Петровец.
ДУИ кампањата ја продолжува во Тетово.