5.8 C
Skopje
среда, декември 11, 2024

Јовчески: За Прилеп ќе се грижам исто како за своето семејство (ВИДЕО)

И кога е најтешко знам да ги поставам работите на свое место. Ако си помагаме ќе успееме. Прилеп може да излезе од апатијата само со нова енергија, соработка и сигурни чекори, вели кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.

Јовчески посочува дека вештите раце на прилепчани заслужуваат град кој ќе ги задоволи сите нивни потреби.

-Мојот тим ги има вистинските проекти кои носат поквалитетна иднина за сите луѓе. Рецептот е љубов и работа. За Прилеп ќе се грижам исто како за своето семејство, домаќински и чесно да се обединиме за доброто на Прилеп, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.