Приведен маж во скопско, баран со централна потерница

Во понеделникот попладнето околу 17,20 часот во скопското село Ајватовци,  полициски службеници од оперативен тим за потраги од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода 46-годишниот З.Ч. од Скопје.

За него била распишана централна потерница, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.