ВИДЕО| Силен последователен земјотрес го погоди грчки Крит

Силен дополнителен потрес го погоди грчкиот острво Крит во вторникот, ден откако во претходниот земјотрес од понелникот загина најмалку едно лице.

Потресот со магнитуда 5,3 по Рихтер бил последователен подземен удар по главниот земјотрес од понеделникот, изјави а медиумит Јоргос Хулиарас, директор на Геодинамичкиот институт во Атина.

Според податоците на Институтот, земјотресот во вторникот наутро, најсилниот од десетиците што го погодиле островот, имал епицентар на 22 километри југоисточно од Ираклион, главниот град на Крит и четвртиот по големина во Грција.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Kрит во понеделникот. Едно лице загина откако се урна црква во село во близина на епицентарот. Регионот околу селото Аркалохорим јужно од

„Жителите не би требало да се враќаат во оштетените домови“, сметаат од Институтот и предупредуваат дека серијата последователни потреси ќе продолжи а веќе имало 60 помали.

Илјадници луѓе мораа ноќта кон вторникот да спијат во шатори или во своите автомоблил.