Кочовски: Ја барам довербата за модерно и развиено Вевчани, симбол на туризмот и новите проекти

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Спасе Кочовски, на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“, ја побара довербата на вевчанци и истакна дека новата администрација ќе биде соработник на сите граѓани, а новата иднина ќе донесе модерна општина со нови проекти, симбол на туризмот, општина во која ќе нема поделби, туку напредна општина.

-Секој искрен вевчанец многу добро знае во што се претвори Вевчани, граѓаните очекуваа резултати, но не ги добија, Вевчани не е општина на солидарност, ниту пак е место кое говори со еден глас, го раскараа народот и го поделија, а сега бараат доверба да ја продолжат и старата пракса на неработење и аматеризам, бараат доверба за продолжување на непотизмот и афирмацијата на искривените вредности, власта се однесува кон ова место како кон нешто туѓо, но тука е крајот, доаѓа новата зона на чесноста посочи Кочовски.

Кочоски истакна дека новата вевчанска администрација ќе им служи посветено на граѓаните, со секогаш отворена врата кон потребите на жителите, затоа што заврши времето на ваши и наши, време е за вистинска служба за граѓаните, за администрација која ќе биде соработник на сите граѓани.

-Да бидеме обединети во љубовта кон Вевчани, за такво Вевчани сонувам и се обврзувам дека заедно со сите вас ќе го направиме токму тоа, ја барам вашата доверба за да ставиме крај на оваа тажна четири годишна животна епизода, да оставиме нови дела, нови проекти, да создадеме модерно и напредно Вевчани, за Вевчани без поделби, симбол на туризмот и културата, за Вевчани со можности за младите и услови за повозрасните, за развој и нова инфраструктура, рече Кочовски.

Кочовски ја побара довербата од вевчанци затоа што како што рече верува во идејата која ја застапува, коалицијата на пристојните и посветени домаќини има сила да го извади Вевчани во провалијата во која власта го втурна.