Милевски го објави списокот за Лихтенштајн и Германија, Ердал Ракип е ново име во репрезентацијата

Фудбалерот на Малме, Ердал Ракип е новото име во македонската репрезентација, тој доби повик од Милевски за престојните квалификациски натпревари против Лихтенштајн и Германија.

Македонија на 8 октомври му гостува на Лихтенштајн, а потоа на 11 октомври ја пречекува Германија на Националната арена „Тодор Проески“.

На списокот нема многу промени, но има едно име кое може да биде многу знчајно за нас во иднина. Станува збор за 25-годишниот Ердал Ракип кој е настапува за тимот на Малме кој игра во Лигата на шампионите.

Тој е роден во Малме, Шведска, но има македонски корени и прифати да игра за нашата репрезентација. Има настапи и за сите младински селекции на Шведска, но не доби повик и за сениорската селекција на оваа земја.